Оливера Ширговска: Како што го љуби



Автор: Оливера Ширговска

Како што го љуби… Како што го љуби земјата небото.. Како што го сака мајката детето.. Читај ја пораката напишана
од срцето.. И прости му на некого… Што не знае да љуби, да сака.. Што душа заклучил во темна одаја… И тука остана, да стои ..Една бледа сенка… Од љубовта земска, и солза бистра … Како што денот ја љуби ноќта… Како волшебен танц на девојка… Како миг, што пишува вечност.. Како љубов искажана во погледот… Така љуби, и не се предавај… Бидејќи си човек, ти силно сакај… Во овој свет , љуби без крај.. Праќај порака како мастило… Да обои се после ова сивило.. И секој да ја има желбата своја… Како виножито после дождот.. Како синило, после поројот… Од дождови што лееле в душа.. Силно љуби, срцето слуша… Како пулсот во вените… Како мил лик од спомените…. Како што љуби дете , девојченце… Како што росна капка љуби цвеќенце…