Супермодел на 9 години – убавина или непристојност?



Дали се сеќавате на оние времиња, кога бевме мали и сонувавме да пораснеме, за да можеме да ги носиме убавите фустани на мама, да ставаме кармин и да одиме на потпетици?


За 9-годишната Кристина Пименова, која е нарекувана “најубавата девојка на 21-от век”, овие соништа веројатно ќе останат засекогаш неизживеани, бидејќи кариерата на малата убавица започнува кога таа е едвај 3 години.

Родена во Париз, Кристина е дете на фудбалерот Руслан Пименов. Сега семејството живее во Русија. Малото девојче има шарм, беспрекорна убавина и фотогеничност и решава да ги развие квалитети во кариера на модел.


Портфолиото на ова дете вклучува рецензии, кампањи и фотосесии за едни од најголемите светски модни етикети како “Прада” (Prada), “Барбери” (Burberry) и “Бенетон” (Benetton).

Инаку мајката на Кристина е нејзин менаџер. И сфаќајќи ја моќта на интернетот и социјалните мрежи, Гликерија постојано објавува фотографии на својата мала ќерка, кои се соочуваат со хетерогени и контроверзни реакции од страна на гледачите.


Додека за едни ангелската убавина на детето е за пример и кај луѓето буди пофалби и восхит, за други е недозволиво едно 9-годишно девојче да биде третирано како професионален модел на таква рана возраст и да биде претставено како сексуален објект.

Нема сомнение дека ова мало преубаво суштество е бескрајно убаво. Но, сепак да не заборавиме дека детството е еден од најубавите моменти во животот и на децата треба да им се дава шанса да го доживеат целосно. Има време малата Кристина да биде вистинска жена, да биде за пример и да собира комплименти за својата убавина. Но, тоа веројатно треба да се случи во иднина, а не сега.

Од друга страна, не треба да заборавиме дека речиси сите светски модни брендови ги користат токму децата за модели при претставувањето на детските колекции облека и додатоци. Така малите учат уште од рана возраст на професионално однесување, спаѓаат во една реална конкурентна средина на модниот бизнис, која понекогаш сепак се одразува катастрофално на психата и нивните умови, кога ќе пораснат.

А вие што мислите? Треба ли едно 9-годишно дете да биде супермодел и репер за убавина?