Спремајте се за снег и многу ниски температури



За време на викендот територијата на Македонија ќе биуде зафатена од влажна и студена воздушна маса од север. Се очекуваат врнежи од снег и формирање на снежна покривка во поголемиот дел од територијата на Македонија.


Според моменталните изгледи врнежите од снег ќе продолжат и во недела, а потоа ќе го намалат интезитетот. Од недела уште постудено со негативни утрински и дневни температури.

Во текот на следната недела температурите ќе бидат многу ниски, а на некои места во Македонија температурите може да паднат под -20 степени.