Дали да се породиме со царски рез



Царскиот рез во последните петнаесетина години стана многу популарен. Сѐ повеќе идни мајки сакаат да ги избегнат болките и напрегањата при пораѓањето па затоа се одлучуваат за породување со хируршки зафат.

Иако царскиот рез важи за посигурен, побрз и побезболен начин на раѓање, и тој има свои недостатоци. Вагиналното породување си има свои предности: помалку лекови, пократко време за опоравување во болница, а и хируршкиот пристап не е без ризици и компликации. Поради тоа лекарите, освен во ситуации кога е неопходно, го препорачуваат природниот, вагинален начин на породување.

Подолго опоравување

Стравот од болка често ги наведува трудниците да донесат одлука за породување со царски рез. Инаку царскиот рез се смета за побрз процес, бидејќи потребни се само ден-два престој во болница за опоравување. А поради користење на анестезии и други лекови, како и самиот оперативен зафат, опоравувањето е подолго отколку при породување по природен пат.

Инфекции

Постои зголемена можност за инфекции, крварења и тромбоза. За разлика од природниот начин на породување, царскиот рез ги зголемува шансите за внатрешни и надворешни инфекции. Во некои случаи, може да дојде до инфекција која бара дополнителен зафат и доза силни антибиотици.

Дебелеење

Во многу случаи, жените после породувањето со царски рез качуваат повеќе килограми кои типично се таложат под областа каде што е направен самиот рез.

Потешко доење

Во споредба со бебињата родени по природен пат, бебињата родени со царски рез, поради лековите за време на операцијата, не се целосно рецептивни за доење по породувањето. Поради тоа, потребно е повеќе време и напор за доење на бебето кое е родено со хируршки зафат во споредба со она родено по вагинален пат.