Дали тој заслужува сериозна врска со вас?



Веќе неколку месеци интензивно се дружите со некое момче и стигнавте до моментот кога треба да одлучите дали заслужува да се размислува сериозно за врската или не?

Еве неколку основни работи на кои треба да обрнете внимание пред да донесете конечна проценка:

Компромиси

Вистинскиот маж треба да е спремен на компромиси. Не е неопходно вкусовите, хобито, работите што ги сакате да се еднакви. Мажот во вашиот живот треба да ги прифаќа работите што вие ги сакате и кои се разликуваат од неговите како и да ви дава подршка за вашите планови и желби и покрај тоа што не се поистоветуваат со неговите. Ако мажот до вас сака работите секогаш да се одвиваат по неговиот начин, да ги прифаќа само своите критериуми за добро и лошо, важно и неважно и.т.н. тогаш навистина треба да седнете и добро да размислите дали има иднина во таа врска и да го откриете вистинското решение за вас.

Грижа и респект

Еден од знаците на добриот маж е неговиот респект кон вашите чувства. Ако тој се однесува со респект кон вашите чувства и не ги повредува, тогаш тој е вистинскиот маж. Ако мажот со кој сакате да создадете заедница се грижи за вас, ако е лојален и верува во вашите возможности, тогаш тој го заслужува вашето внимание.

Интелигентен и одговорен

Интелигенцијата и чувството за одговорност се многу важни црти кои еден квалитетен маж би требало да ги поседува. Тој треба да е доволно умен и одговорен за да може да се грижи за себе, за вас, за семејството.

Оптимизам и хумор

Никогаш не знаете што може да ви сервира животот во иднина. Има многу подеми и падови во нашиот живот без разлика колку добро го планираме. Затоа е важно мажот до тебе да биде силен по дух, да не се предава и да е позитивен. Позитивниот став и верата во своите возможности и животот се фактори кои помагаат за правилно и навремено решавање на проблемите.