Зошто љубовта не преживува – гледната точка на еден маж



Не веруваме во убавината на обичниот живот, бидејќи сме премногу заслепени од пребарувањето на авантури. Не посветуваме време да сакаме, немаме трпение да се занимаваме со врската.


Ние сме зафатени луѓе кои ги исполнуваат материјалистичките соништа, и не дозволиме љубовта да не деконцентрира.

Сакаме сè или ништо. И дефинитивно не сакаме да чекаме и да се бориме.


Не сакаме на површината да го извадиме најдоброто кај човекот со кого сме. Сакаме тој да биде совршен.

Излегуваме со многу луѓе, но всушност не даваме вистински шанси на никого. И се чувствуваме разочарани од сите.


Технологијата го намалува растојанието меѓу нас.

Ја презираме константноста. Неа ја гледаме за нешто досадно.

Сакаме да веруваме дека сме “поразлични” од сите останати. Сакаме да веруваме дека социјалните норми не се за нас.

Сексот доаѓа лесно, верноста – не. “Да си легнеш со некого” стана новото “да се напиеш”. Го правиме, не затоа што го сакаме другиот, туку затоа што сакаме да се чувствуваме добро. Тоа е привремено задоволство.

Уплашени сме. Страв ни е да се вљубиме, страв ни е да се оддадеме, страв ни е да не ни наштети, страв ни е да не ни ги скршат нашите срца. Не дозволуваме никого до себе, ниту пак ние пристапуваме напред, нудејќи безусловна љубов. Се криеме зад ѕидови, кои сами сме ги издигнале.

Ја бараме љубовта, но бегаме од неа, штом ја сретнеме.

Веќе не го цениме врските. Не ја гледаме вистинската вредност на човекот до себе. Дозволуваме на прекрасни луѓе да ги напуштат своите животи, бидејќи си велиме дека “во морето има многу риба”.

 

Страни: 1 2