Зошто љубовта не преживува – гледната точка на еден маж



Ќе си признаам дека кога наидов на овој текст, погледнав со скептицизам. Размислувањата на Анкуш Бахугуна не само што ми оставија силен впечаток, но и допреа нешто во мене. Видов многу од грешките, кои дури и не сфаќав дека сум ги правела во текот на годините. И дека продолжувам да ги правам … Прочитајте го текстот и кажете што мислите.


“Зошто денес е толку тешко да имаме стабилни врски? Зошто секогаш имаме неуспех, иако се трудиме толку силно? Зошто луѓето одеднаш стануваат толку неспособни да ја одржат жива љубовта? Заборавивме ли што всушност значи да се сака? Или уште полошо – заборавивме ли што е љубовта?

Не сме подготвени. Не сме подготвени за жртвите, за компромисите, за безрезервната љубов.


Не сме подготвени да инвестираме сè што е потребно за да функционира една врска. Сакаме сè да е лесно. Се предаваме премногу брзо.

Не бараме љубов. Бараме само силна емоција и немири. Сакаме некој со кого да гледаме филмови и да се забавуваме, а не некој кој не разбира, кога молчиме.


Поминуваме време заедно, но не создаваме спомени.

Не бараме партнер за цел живот, туку некој кој во моментов не тера да се чувствуваме живи. И кога возбудата исчезне, откриваме дека не сме подготвени да живееме во секојдневниот живот.

Страни: 1 2