Зошто е добро да го разбијат барем еднаш вашето срце



Скршеното срце инспирирало низ вековите голем број поети, филозофи, музичари и писатели од целиот свет. Љубовта може да донесе среќа во животот на човек, но исто така и да му причини силна тага и болка.


Добрата вест, сепак, е дека скршеното срце ја дава една од најдобрите можности на човекот да разбере кој е всушност. Искуството и надминувањето на ова искушение носи многу позитиви кон природата.

Еве и осум од нив:


1. По време ќе бидете благодарни за искуството

После некое време, кога ќе погледнете назад, ќе бидете благодарни што сте поминале низ ова тешко искуство кое ви покажа што да барате во животот и во спротивниот пол и што да избегнувате. Кога човек губи нешто, тој често заработува друго, но не го сфаќа веднаш, а дури после некое време.


2. Ова ќе ви подејствува отрезнително

Понекогаш човек толку длабоко заспал, што му требаат грмотевици, за да се разбуди. Скршеното срце може за некое време да ве извади од рамнотежа, но на крајот ќе ве разбуди и ќе ви покаже дека предолго сте спиеле. Во еден момент ќе прогледате и ќе дознаете дека партнерот со кој сте се разделиле, бил далеку од идеален за вас.

3. Ќе дознаете дека многу работи се расипливи

Вистината е дека ќе ве боли многу, кога ќе дознаете дека вашата љубов си отишла. Меѓутоа, нашиот животот e во средба со многу луѓе само привремено, за да ни даде некаквa лекција. Не сите односи траат вечно. Во суштина секоја врска си има тешки фази, но на некои врски едноставно не им е замисленo да преживеат и тие едноставно не се точни – прифатите тоа.

4. Ќе дознаете повеќе за самата љубов

Иако ќе ве боли, ќе дознаете дека љубовта во животот не доаѓа од еден единствен извор. Не е задолжително да имате романтичен партнер, за да се чувствувате сакани. Никогаш не треба да чувствувате потреба од одобрување на одреден човек, за да најдете вредност во вашиот живот. Најважно е да не заборавите дека сами треба да се љубите и цените себе.

5. Ќе станете похрабри

Еднa од најхрабрите работи што можете да ги направите е да се разделите со човекот кој ве повредува. Само така може да ставите крај на една агонија. Оценете она што е навистина најважно за вас и продолжете напред. Нека вашето минато ве направи подобри, похрабри и повнимателни.

6. Ќе дознаете дека сама не значи осамена

Никогаш не се чувствувајте виновни за тоа што не сте во врска. Сама не значи осамена.

7. Ќе научите да ризикувате

Ако еден човек сакаше вистински, а потоа ја изгуби својата љубов, тој ќе разбере дека љубовта секогаш е поврзана со одреден ризик и дека човек треба да умее да превзема ризици. Освен тоа, секоја нова љубов вреди и сама по себе е подарок.

8. Ќе научите да бидете трпеливи

Скршеното срце ќе ве стави буквално на работ на пропаста, но на спротивниот брег ќе чекате илјади нови можности. Само треба да се собере храброст и да скокнете во дупката. За тоа се сака и трпение, но продолжите ли еднаш напред, вие ќе бидете помудри, похрабри и со силен дух.