Во недела е Голема Богородица – најсветиот летен христијански празник



Во недела на 28ми август е Голема Богородица – денот во кој христијанската црква ја почитува Света Богородица како покровителка на мајчинството, жените и семејното огниште. Тогаш слават сите кои го носат името Марија, Маријана и сл.


Кај нас денот на Божјата мајка е најголемиот летен христијански празник. Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е еден од 12-те христијански празници.

Според Светото Писмо тоа е денот во кој Божјата мајка на 64-годишна возраст го напушта земниот живот и оди кај својот син. Нејзината смрт била лесна и блажена што заличела на заспивање. Оттука и зборот “Успение” – заспивање.


Според народната традиција, празникот се нарекува Голема Богородица, за разлика од Малата Богородица, кога се слави раѓањето на Христовата мајка. На Голема Богородица, по свечената литургија во црквата, се осветуваат обреди лебови кои жените потоа ги раздаваат за здравје и за починатите блиски.

Света Богородица се почитува како покровителка на мајчинството и на жените, како пазителка на семејното огниште. Традиционални јадења на трпезата се свежа питка, украсена со порфорен орнамент, варено жито, пченка и тиква. Нужно се јадат лубеница и грозје.


Во овој ден го слават сите кои го носат благословеното име Марија. Секоја година на Успение кон манастирот Тресквец се собираат стотици Прилепчани и народ од целата земја, за да се поклонат пред црквата во манастирскиот комплекс посветена на Голема Богородица.

На тој ден име слават: Марија, Марин, Мара, Марјан и Маријана, Марика, Мариета, Богдана и Богдан, Божа, Божидар.