Од денес (26.08.2016) па во следните денови територијата на Македонија ќе биде во поле на висок воздушен притисок и на стабилна , суво и потопла воздушна маса од југ.
Поради тоа ќе имаме целосна стабилизација на временската состојба кај нас во Македонија.
Времето ќе биде сончево, стабилно и потопло со мала до умерена локална облачност. Ветерот од северен правец сеуште ќе го имаме но ќе биде со слаб до умерен итнезитет.
Температурите ќе бидат во постепено покачување и за време на викендот ќе се движат од 25 до 32 степени.
Во текот на следната недела благиот пораст на температурите ќе продолжи и истите ќе се движат од 27 до 35 степени.
Во Југоисточните предели температурите можно е да се искачат само малце над 35 степени.
Се на се во следните денови иако очекуваме покачување на температурите сепак претерано високи температури нема да имаме.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски!