Вистинска приказна: Се омажила, па кавгите и почнале со нејзината свекрва



Една девојка Марија се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време Марија сфатила дека нема  да живее во мир со својата свекрва.


Марија и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. А фактот дека Марија, според древниот кинески обичај морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата.

Поради овие кавги и неслога во домот, мажот ужасно страдал.


На крај, Марија повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да направи нешто.

Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот.

Човекот се замислил и рекол: “Марија, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Марија прифатила.

“Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чајеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“

Марија била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Марија секој ден и сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој и нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата.

После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква.

Марија научила толку добро да се контролира, што повеќе не се лутела ни била нервозна. Немала ни една причина за тоа од страна на свекрвата во последните 6 месеци. Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Марија  се сменило, па дури почнала да ја сака како родена ќерка.

Марија и нејзината свекрва сега се однесувале како мајка и ќерка.

Марија еден ден отишла повторно кај билкарот и го замолила за помош. Барала од него лек за да го спречи отровот. Таа е сега прекрасна жена и ја сакам како мајка, рекла Марија. Не сакам да умре од отровот што и го давав.

Билкарот и одговорил: “Никогаш не сум ти дал отров. Тоа беа витимани кои го подобрија нејзиното здравје. Единствениот отров беше во твоите мисли, но сега и тоа го нема!“

Во Кина се вели: Човекот што ги сака другите, е човек што е сакан од другите!

Извор: среќа.мк