Трендови 2016: Коса како скапоцен камен



Уште ли сте во фазата во која љубите пастелни бои на лаванда и розово? Жал ми е да ви кажеме но овие бои беа модерни во 2015 година и останаа таму.


Нема ништо лошо во тоа да ја нагласите принцезата или сирената, која живее во вас, но најголемиот тренд кој зема замав за 2016 година се косите, насликани во бои на камења.

Се разбира, сето тоа започна од смарагдовите нијанси на Кајли Џенар и коса како сафир на Никол Ричи, проследено со Кејти Пери.


Најубавиот дел од трендот е дека дамите со темна коса нема да мора да ја избелуваат или третираат со агресивни хемикалии, за да го постигнат ефектот.

Се сеќавате ли како деца кога сакавме да играме со накитот на баба и уживаме во заситените бои на камењата? Е, трендот се обидува да го пресоздаде овој ефект во косата.


Нијансите не се светли, туку пригушени со темни пигменти во нив. Се постигнуваат најлесно на природна темнокестенлива коса, но тоа не значи дека за другите не е можно – вие само треба да се бојадисате темни и потоа со саканата боја.

Аметист, рубин, смарагди … можете да видите како изгледаат врз косата: