Loading...

Таневски: „Е тоа е жена бе брат“


Е тоа е жена бе брат

коа ќе и речам
искачам со бандава моја на пиво,
одма ми пегла маица и ми чисти кондури
и плус парфем ми става
па петнаес’ минути ме мести

па уште петнаес’ минути ме гушка пред врата
и ми посакува убаво да си поминам…
Ја и мафтам дур се симињам по скали
а грутка ми стои у грло бе брат
Влагам у кола
вртам кључ
пуштам музика
вртам круг околу згради
и се враќам дома.
На бандава моја им пуштам СМС
„Овој пат минус мене батки
и памет у глава ОК?“
И гасам мобилен пошто знам
шо пораки се у стање да ми пратат
оние баграна моја
шо ги викам другари.
Отклучувам врата,
си легнувам до неа.
„Шо се врати бе?“ – ме прашува.
„Ми откажаа лигушите“ – и викам и и заспивам на гради
„Значи кои лигуши“ – ја слушам ко низ сон…
Сабајле глеам ја у пиџами а знам дека дотеран си легнав
Она се потпрела на лакт и ме посматра
„Ќе стаиш кафе?“ – ми вика
Ја нешто се мрштам ко да нејќам а одвнатре вриштам:
„Бејби, за тебе у Бразил би идел по кафе“
Е тоа е жена бе брат.
Една од песните од збирката “Така се грми” достапна посебно или во комплет со моите други книги.

Автор: Драган Таневски