Loading...

Што поскапа свадбата, толку побезбеден развод


Колку поскапа е една свадба, толку повеќе расте веројатноста за развод, покажува една британска статистика. Вкупниот износ на парите потрошени за свадбата и свршувачката, може да ја предвидат веројатноста од развод, покажува истражувањето на Универзитетот Емор во САД.

Истражувањето покажува дека колку е поголем буџетот за свадбата, толку поголема е веројатноста бракот да пропадне.

За паровите кои трошат помеѓу 2000 и 4000 фунти за прстен, веројатноста од развод е 1,3 пати повеќе отколку кај паровите кои трошат по 500 до 2000 фунти.

Вљубените, кои плаќаат по 20 000 фунти за нејзината свадба, се загрозени од разделба 1,6 пати повеќе од оние кои плаќаат 5000 до 10 000 фунти. Ако паровите потрошат помалку од 1.000 фунти за нејзината свадба, нивните шанси за разделба се речиси ништожни.

Научниците не успеале да утврдат зошто постојат овие законитости.