Приказна за човекот што ми го промени животот


„Познавате ли човек кој не сака ни за момент да се врати во минатото? Познавате ли човек кој со нетрпение ја очекува иднината? Јас познавам , се познавам себе си. И прв пат имам смелост да зборувам во прво лице јас, зошто секогаш се плашев од грешникот кој постоеше во мене, зад мене, до мене. Грешникот кој ме следеше во секој чекор одејќи на тој пат кон врвот. Од тоа ниво на кое го гледав врвот , изгледаше толку блиску. Како планина. Но тогаш кога го направив првиот чекор, сватив кон колку стрмност сум се одлучила. А кога си веќе на средина , немаш сила ни за напред а уште помалку да се вратиш назад каде што те исчекува пропаста.

Уште помалку кога погледите околу тебе ти говорат да се одкажеш, не гледајќи ја потта од тебе која не ти дозволува да направиш ни пола чекор наназад.

Секогаш се прашував каде грешам , и на кој лист хартија се испишани правилата на општеството , и од каде сите епитети произлегуваат за оние кои не ги гледаат тие ,, испишани ,, правила.

Прашувајќи се каде грешиш , го трошиш времето во кое можеш да се подобриш. Да успееш. Да продолжиш.

Се додека имаш шанса да прогледаш низ прозорецот уште еден зрак , имаш шанса и да успееш.Кога сонцето има моќ да ја пробие цела темнина на ноќта зошто да не можеш и ти да ја разбиеш, темнината, на ова парче живот.. Во борбата со самиот себе си ќе сватиш неколку работи, едната е дека таа борба е најтешка , другата е дека неможе никој друг да го направи тоа освен ти самиот, а третата е дека животот ќе донесе публика која ќе навива за тебе , ќе те бодри и подржува. А ти сеуште несвесен удираш со главата во противникот.

Моментот кога ќе ги погледнеш тие луѓе , за кои не е битна нивната бројност туку нивната истрајност , со која неуморно те чекаат да победиш, зошто веруваат во тебе , и целиот влог го вложуваат во онаа целосна визија за тебе…Сваќаш зошто сеуште постоиш. Тогаш сваќаш зошто воопшто се пробудуваш , зошто стануваш од креветот , макар и мрзеливо. Ќе скокнеш , погледнуваш низ прозорецот , и чувствуваш некоја исполнетост која допира до грлото која ти вика : Знаеш ли колку си среќен?

Јас велам , сите луѓе имаат исто ниво на среќа во себе , а колку среќни ќе се чувствуваме зависи од тоа дали знаеме да ја цениме и онаа среќа што ја имаме.

Јас мојата среќа ја исцртав на левата рака , како симбол на нешто што е толку далечно а толку исполнува. И дури сега сваќам колку е краток животот.
Животот е краток за оние што искрено сакаат , но доволно убав за да и онај што го имаат се сакаат неуморно , безусловно , среќно.

Како сред пустина некој , вода да ти подарил. И од тој ден , повеќе ни вода не ти е потребна. Гледаш на него како некој кој ти го променил животот само со една искрена доблест. Гледаш на него како некој кој ти го продолжил твојот животен тек. Некој кој те спасил од провалијата. Некој кој вложил премногу од својот влог за твојата страна , а знаејќи колкава е силата на другата страна , на она што е наречено судбина. И тоа не е само човек кој сака ризици. Тоа се нарекува доверба.

Со таков човек , и само со таков. Врвот денес изгледа поблиску од секогаш. И не е тоа битно. Најбитно е дека таму горе , победата , нема да ја дочекаш сам. Туку ќе имаш некого со кого ќе можеш да ја споделиш ..некој кој ќе можеш да го прегрнеш.

И ќе сватиш… најпосле… дека тоа ти е , најголемата победа во животот…

П.С За човекот кој ми го промени животот. Те сакам К.Ристевски “

Автор: Ивона Талевска