ТАЈНИТЕ НА ОМЕГА-3 МАСНИТЕ КИСЕЛИНИ: Формула за подобрено здравје и учење кај децата



Суплементите кои се на база на рибино масло имаат позитивно влијание врз човековото здравје. Одамна е познато дека рибиното масло ги смалува воспалителните процеси во организмот и ја одржува работата на дигестивниот систем. Но она што помалку се знае е дека рибиното масло може да влијае и на мозочната функција, но и на животот во град. Како?


Ви ги пренесуваме сознанијата од најновите научни истражувања на оваа тема.

Рибиното масло позитивно влијае на мозочната функција. Докажано е дека суплементите на база на рибино масло влијаат на когнитивните функции на човекот, а истражувањата покажале и разлики во структурата на мозокот помеѓу децата кои консумираат и оние дечиња кои не консумираат рибино масло. Исхраната сиромашна со Омега-3 масни киселини може да предизвика губиток на меморијата и способноста за размислување.


Едно од многуте благородни дејства и влијанија на рибиното масло меѓу другото е и тоа што го штити срцето од загаденоста на воздухот. Омега-3 масните киселини вршат заштита од несаканите ефекти на срцето предизвикани од зaгадувањето на воздухот и затоа особено се препорачуваат за децата, но и за возрасните кои живеат во големите градови.

Омега- 3 масните киселини се драгоцени масти


tajnadeca1Дополнителниот внес на овие масни киселини е потребен пред сé поради современиот начин на исхрана. Рибиното масло е соодветна надополна на разновидната и правилно избалансирана исхрана токму поради тоа што поголем дел од намирниците во денешната современа исхрана не се со соодветно потекло, не се правилно одгледувани ниту соодветно чувани, а понатаму со одредени начини на подготовка во голема мера се губат нивните хранливи својства.  И за жал преовладува внес на омега 6 масните киселини кои повеќекратно ги неутрализираат и онака малите количини  на омега-3 масни киселини кои ги внесуваме, а за сметка на тоа зголемен е внесот на шеќери. Сето ова ги поттикнува процесите кои доведуват до хронични воспалителни болести, до ризик од развој на алергии и заболувања на кардиоваскуларнот систем. Дејството на омега 3 масните киселини е токму неутрализација на овие штетни ефекти и воспоставуањето рамнотежа, односно зачувување на здравјето. Не смее да се изостави и фактот дека во пораст е и бројот на деца заболени од дијабетес, а омега-3 масните киселини во голема мера ги штитат децата од ова заболување, но и од  прогресивното дебелеење.

Омега-3 масните киселини и когнитивните способности кај децата                            

Додатокот во исхраната со омега-3 масни киселини се препорачува за сите деца, особено за оние кои имат проблеми со вниманието, концентрацијата, моториката и со имунитетот. Но, омега-3 масните киселини се неопходни и за дечињата кои се во процес на интензивен развој, како и за оние кои практикуваат некаков спорт и физичка активност. Исто така внесот на омега-3 масните киселини треба да биде редовен и континуиран заради одржување, односно подобрување на имунитетот, особено за време на зимските денови.

Витоси додатокот во исхрана за деца со вкус на портокал содржи омега-3 масни киселини –  DHA и EPA, како и витамин Д3  и се препорачува за деца кои се во тек на растот и развојот, односно за дечиња со навршени 3 години. Витоси претставува важен додаток во исхраната на децата и придонесува за јакнење на имунитетот и подобрување на општата состојба на организмот. Студиите покажуваат подобрена концентрација и способност за учење кај децата кои земале омега-3. Витоси рибиното масло е направено да ги задоволи потребите и вкусот на децата.

Омега-3 масните киселини DHA и EPA ги има во масните риби како што е лососот, сардината, туната, харингата и скушата. Исхраната богата со овие намирници поволно влијае на целокупното здравје, а обезбедува правилен развој на мозокот и видот. Со жалење, но мораме да се сложиме со фактот дека ретки се примерите на дечиња кои барем 2 пати неделно консумираат една од овие риби за да би внеле една оптимална количина на омега-3 масните киселини.

Со прегледот на бројните научни студии, заклучено е дека DHA, која е природно застапена во рибиното масло, позитивно влијае на психолошките способности. Научниците тврдат дека студиите спроведени на животни обезбедуваат доволно валидни докази кои ги доведуваат во врска смалената концентрација на DHA во мозокот и лошите резултати на психолошките и бихејвиоралните тестови.

Покрај развојот на психолошките способности, консумирањето на овие полинезаситени масни киселини и раниот животен период обезбедуваат подобар развој на видот. Леснотијата и точноста во решавањето на проблемските задачи позитивно корелира со подоцнежната интелигенција и вокабуларот, и затоа оптималната исхрана и навремена суплементација се исклучително значајни уште од мали нозе.

tajnadeca2

Др.Билјана Јованоска Димитровска