Тајните на бракот, за кои никој не зборува



Клише е дека секоја жена сонува да се види во венчаница. Но, можеби секоја жена сонува да открие човек кој ја дополнува, кого таа го дополнува со кого да се смее, да може да поразговара, да слуша музика, да се троши, да ги гледа ѕвездите … и сите работи кои ни се случуваат во животот. Бракот може да е логично продолжение на овие работи. И како секое нешто и тој има свои тајни кои остануваат скриени, додека некој не ја покрене завесата.


Бракот може да биде досаден. Не е исклучено да има моменти во кои го чувствувате бракот како ограничување и малку завидлив на пријателките. Досадата и здодевноста се сосема нормално нешто, колку да не се постојани.

Никој од нас не си мислел дека бракот нема да биде совршен. Напротив – од нежната тантела по работ на венчаница до утринскиот бакнеж за будење.


Во бракот треба да има многу меѓусебно почитување и доверба.

Ако сакате брак, бидејќи имате потреба од адреналин – подобро скокнете со падобран, напишете и направете си тетоважа или прошетајте со црвени панталони за време на борбите со бикови во Шпанија. Но, во никој случај не се жените. Бракот не е за слабо срце.


Бракот ги вклучува и сите негови ужасни навики кои дури не сте ни претпоставувале дека тој ги има. Ќе има моменти во кои тивко ќе се прашувате дали тој некогаш ќе се откаже да заспива на каучот, додека му зборувате, ќе има и такви во кои ќе му кревате големи скандали, бидејќи тоа беше само последната капка во чашата. Но … тоа е човекот кој сте го одбрале. И во повеќето случаи не се менува.

Бракот не е појадок во кревет и секс по 4 пати на ден. Бракот е и перење на миризливи чорапи, недостаток на пари, нервозни утра, мусака за вечера …

Во бракот се дели секој свој ден со друг човек. Затоа бракот не е за егоисти. Може да сте пријатели со некој маж 30 или дури и повеќе години, но се омажите ли се за него, работите меѓу вас може да се променат. Едноставно е различно.

Понекогаш имаме потреба од малку личен простор. И тоа нема никаква врска со љубовта меѓу нас.

Само во романтичните француски комедии таа се буди, го погледнува и мисли дека откако се омажила за него, нејзиниот живот веќе е 100% полн. Всушност, почесто се буди и мисли дека ако тој продолжува да ‘рчи, ќе спие на каучот.

Бракот е како растение – понекогаш лисјата паѓаат, но кога цвета тој е со најубавите бои кои сте ги виделе. Затоа често вљубените си подаруваат цвеќе во саксија и се обидуваат да се грижат за него онака како што се грижат за чувствата меѓусебно. Бракот има потреба од грижа и нежност.

Секое нешто губи од својот сјај со времето, но токму времето кое сте го поминале заедно, ќе го направи бракот драгоцен.

Тајната на бракот е дека тој е вистина, се случува. Тој е убав, има душа, дише, се менува, развива, тој е сојузот меѓу двајца. Бракот е една од работите за кои вреди да се борите.