Како да ја организираме масата за гости?



Започнете од чаршав – белиот е токму за празниците, но може и да се бара хармонија меѓу бојата на салфетките, на трпезаријата за јадење, на украсите со цвеќиња.


Основното правило кај цвеќињата е тие да бидат во плитки вазни. Друг елемент од украсите се свеќите кои додаваат празнично расположение на вечерата и внесуваат топлина и атмосфера.

Стигнавме и до чиниите, чашите и приборот. Ќе ве запознаеме со класичниот распоред.


Лево од чинијата ставаме мала вилушка за ладно или топло мезе и голема вилушка за главното јадење.

Десно се – однадвор на внатрешноста – мал нож за мезе, лажица за супа и голем нож за главното јадење. Над чинијата ставаме мала лажичка или вилушка за десерт, така што рачката на вилушката е насочена лево, а на лажичката – десно.


Чашите се подредени по истата логика – да се искористат однадвор на внатре.

Местото им е над врвот на ножевите, а најдесната е за аперитив, па следува чаша за газиран пијалок, а до неа се чашите за вино.