Со кого вежба нашата секси пејачка Симона Попоска?



Сексапилната македонска пејачка Симона Попоска е решена оваа есен да ја одржи својата фигура и да продолжи со својот здрав начин на живот. Токму поради тоа таа „се затвори” во сала за вежбање во друштво на светскиот гигант за производство на спортска опрема, Nike.


Имено, пејачката која воодушевува со својата линија е ново заштитно лице на оваа компанија за Македонија. Симона, чие животно мото „Ако се сака сè се може” е вистинскиот синоним за тоа што го нуди Nike на светскиот пазар, пред сè преку апликацијата за вежбање N+TC и врвната спортска опрема.

Видливите резултати од нејзиното вежбање со помош на тренинг програмите и личниот прирачник за здрав живот беа само поттик Nike да и понуди токму на Попоска да биде заштитното лице за Македонија. Симона се чувствува комфорно и секси и ужива во вежбањето и постигнувањето на посакуваните резултати.