Што не очекува овој месец според хороскопот



СТРЕЛЕЦ


Парите и како да се стигне до нив ќе биде главна тема за вас. Засилена комуникација, одење, доаѓање, враќање некаде, разговори, мејлови, сè на сè – активно ќе го минувате првиот пролетен месец. Нема да ве држи место. Средби со пријатели кои одамна не сте ги виделе, а ќе договарате и забавни вечери, со или без партнерот/ партнерката. Крајот на месецот ќе ве дочека весело расположени.

ЈАРЕЦ


Парите и работата ќе ви бидат во центарот на вниманието. Екстра пари очекувајте околу 6 март и повторно околу 13 март. Во љубовта е стабилно. На почеток и на крајот од месецов се можни сериозни разговори со партнерот/ партнерката, со тоа што првиот разговор е позитивен за вас, а следниот нема да ви се допадне. Кон крајот на месецот мислите ќе ви ги обземе домот и некоја ситуација во врска со дома: настани, планови за преправка, разубавување и/или селидба.

ВОДОЛИЈА


Овој месец ќе имате многу љубов. Ќе ве обземе чувство на вљубеност, како и потреба од убавина, за себе или околу себе. Ве очекува убав договор за работа или за патување околу 19 март, и повторно кон крајот на месецот. Во љубовта ве очекува пријатен разговор со партнерот/партнерката. Уживајте.

РИБИ

Љубов, забава, деца, спорт, а после 20 март – заработување и пари – ќе се во центар на вашите мисли. Некои планови и идеи кои сè уште се во фаза на разработување, ќе излезат на видело или пак вие самите ќе ги обелодените во деновите околу 24 март. Нешто ново започнувате овој месец, а среќата ќе ве следи уште на самиот почеток од месецот. Можно е да треба да заминете во странство, или пак ќе учите.

Извор: setaliste.com.mk

Страни: 1 2 3