Што не очекува овој месец според хороскопот



РАК


Она што стоеше уште од ноември 2013 година, во текот на овој месец ќе се помести од мртва точка. Очекувајте разврска на недоразбирањето, а настаните ќе почнат да се одвиваат во правец кој вие го посакувате. Екстра пари ви доаѓаат или вие ги давате во деновите околу 12 и 24 март. Во љубовта – некаква стабилизација ве очекува во љубовните односи после 14 март.

ЛАВ


Вие сте секогаш подготвени за заведување, но овој прв пролетен месец ќе ви го изостри сетилото за уживање: навистина ќе уживате во друштво на спротивниот пол. Посебно после 20 март, речиси нема да се свртите дома. Ако немате реални обврски да бидете надвор, сами ќе си ги измислите. А кога сме кај домот, овој месец ќе треба да вложите пари во поправка, во разубавување на домашниот амбиент или едноставно ќе купите некој поскап предмет.

ДЕВИЦА


Фокусот на мислите ќе ви се префрла од партнерот на работата, од работата на парите и повторно на партнерот/партнерката. Ќе имате ангажмани, а ќе има и пари овој месец. Посебно екстра пари за трошење ќе имате кон средината и кон крајот на месецов. Овој месец ќе ви донесе појасно согледување на ситуацијата во која сте, посебно во врска со љубовта.

ВАГА

Овој месец за вас ќе биде забавен, што и да значи тоа за вас. Ќе ви бидат забавни и секојдневните обврски и тие на работа, како и обврските дома. Или пак ќе ги завршувате со уживање, како никогаш досега. Првите денови од месецот може да имате помалку енергија, но нема долго да трае. На деловен план конечно ќе тргне она што стоеше со месеци.

СКОРПИЈА

Во првата половина од месец март ќе бидете мрзеливи и исполнети со мисли за љубов. Ќе имате можност да започнете врска која ќе трае, а тие што се во врска ќе имаат стабилизација во односот. Во втората половина од месецот, ќе се фрлите на ангажмани кои сте ги оставиле да стојат и да чекаат подолго време.

Страни: 1 2 3