Секој четврти маж има кошмари од свадба



Секој четврти маж вели дека планирањето на венчавката за него е многу постресно отколку за партнерката.


Според резултатите од истражувањата, 23% од мажите велат дека венчавката и сите пропратни договори околу неа претставуваат најтешка работа која ја направиле во животот. Со истиот проблем се соочува и секоја шеста жена.

Истражувањето го направила американската компанија „Калмас“ и според него, секој четврти маж смета дека планирањето на свадбата за него е потешко отколку за неговата партнерка.


Истовремено, на жените најмногу напнатост им предизвикуваат преселувањето и пораѓањето. За припадниците на двата пола, пријателите и членовите на семејството пред венчавката често пати се главна причина за стрес, а меѓу потребните задачи спаѓа и одлучувањето за тоа кого ќе поканат на свадба, финансирањето на свадбата и угодувањето на најблиските – особено на свекрвите.

Поради таквите проблеми дури третина од паровите се под стрес пред самата свадба, поради што имаат потешкотии со спиењето и почесто се караат.

Кај останатите животни промени, како што е раѓањето на дете, жените најмногу се загрижени околу самото пораѓање и промените на телото, додека мажите се загрижени поради потребите за промена на животниот стил.