Најпознатата пеачка, Каролина Гочева, синоќа го кажа судбоносното ДА. Таа му се заколна на вечна љубов на своето момче од Америка.
Најблиските пријатели, кумот, старосватицата и родителите на младенците се собраа во домот на младиот брачен пар околу пладне. Симболично со кршење погача ја скршија и тремата на идните сопружници.
Младите си се ветија пред бога во една од црквите во Скопје, а богослужбата, како што доликува, ја држеа шест владици на МПЦ.
Матичното се одржа во кафе бар Тренд, а за музиката се погрижи самата Каролина, пеејќи го 3 пати по ред нејзиниот хит „Две лири“.
Иако многумина би посакале ова да е вистина, сепак денес е денот на шегата! Априлилили !!! Ви покакуваме убав и насмеан ден!!!