Психологот Попризова: Сите жртви средношколки можат да ми се обратат за психолошка помош



Повторно стана актуелна темата со недозволено ширење на фотографии и лични информации на девојки во групата наречена „Јавна соба“.  Вчера 28-годишната Ана проговори што точно и се случило, а има и други девојчиња кои поминале низ оваа голгота.


Многумината ја даваат својата поддршка  меѓу кои и психологот Ана Попризова:

„По ова што се покажува од содржините во Јавна соба, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош.
Ќе направиме мрежа на поддршка!
Ве молам споделете!“, се вели во пораката на психологот Ана Попризова споделена на социјалните мрежи.



.