Јави и се бе брат!
Некогаш така ќе ти падне тешко, и ќе и се јавиш, да ја чуеш онака… колку да се осигураш дека се уште имаш причини за среќа. На пример нејзиниот глас, шо ко анестезија те обезболува у секунда… и оние очите нејзини шо им иде у тебе да се напикаат целите и ко два рентгена те скрозираат и све ти читаат одвнатре.
И оние прстите нејзини знаеш у коса кога ќе ти ги збрца? Сите прегорени осигурачи ти ги мења, и ти праи ремонт на тоа старото раздрндано моторче шо ти го викаш срце. И онаа насмевката нејзина шо ти ги крпи сите рани ко најдобар пластичен хирург, па после ништо не се познава.
Јави и се бе брат… Ако ништо друго, бар да и кажеш дека она е таа.
Дека не можеш се сам бе брат… колку и да си јак.
Автор: Драган Таневски