Посилни, поцврсти и послаби напролет



По неколку месеци на дебели алишта, обилна храна и мрачно време, телото и духот ни е гладно за нешто различно и полесно. За среќа времето на џемперите, супите и студот останува во минатото, а пролетта доаѓа.


Пролетта е идеално време во кое треба да направиме промени кои ќе не направат послаби, посилни и поздрави, пишува “Хафингтон пост”.

Погледнете 6 принципи кои можат да се утврдат како ваши трајни навики за да се чувствувате и изгледате одлично:


1. Ослободете се од лошата храна

Сите знаеме дека не треба да се јадат чипсови, бонбони, колачи, хамбургери, бидејќи телото нема потреба од нив. Тие не тераат да се чувствуваме лошо, иако се вкусни.

Испланирајте ја исхраната. Гответе здрави јадења, кои не бараат сложени состојки или многу време за подготовка.


2. Следете го правилото “2х3 + 1”

Еден од најбрзите и најлесните начини да ги промените навиките е да земате по 2 овоштија или зеленчук на секое јадење (2х3) и да додадете едно средно хранење (+1), кое исто така е овошје или зеленчук.

Страни: 1 2