
Поларните временски услови кои овие денови го зафатија Охридско – Струшкиот регион како и целата територија на Македонија придонесоја крајбрежјето на Охридското Езеро да замрзне.
Мразот кој е формиран на крајбрежјето од ова езеро е дебел. Најмногу на мразот му се радуваат децата кои се лизгаат на истиот.
Инаку овие денови температурите наутро во Струга се спуштаат дури под -15 степени додека преку денот тие се движат околу -7, -8 степени.
Поларното време ќе се задржи до четврток од кога се очекуваат малку повисоки и попријатни температури на воздухот.
Во продолжение погледнете ја галеријата од крајбрежјето на Охридското Езеро кај Струга, пишува meteomax.mk: