Светот е полн со љубовни приказни: Таа се вљуби во него, но тој …



Светот е полн со љубовни приказни кои чекаат да се остварат вистински. Но, некои луѓе се премногу срамежливи за да направат нешто да се случи и дозволуваат нивната вистинска љубов само да ги одмине.


Италијанската компанија за сладолед „Cornetto“ сними серија кратки видео приказни кои ќе ве освојат веднаш и ќе ве разнежат.

Идејата зад оваа серија на кратки видеа „Cupidity“ е дека секој сака да му биде возвратена љубовта, но ретко се случува како што се очекува.


Во оваа кратка приказна претставена е љубовната приказна на келнерката Лаура и момчето во кое таа случајно се вљубува.

Она на што нè учи оваа приказна е дека понекогаш треба да го слушаме срцето и повикот на љубовта.

Не е важно како ќе кажете дека некого сакате, важно е да не го пропуштите.

Погледнете ја целата видео приказна, пишуваат од среќа.мк: