Попладневното спиење не е добро за здравјето



Иако понекогаш не совладува уморот, дремката во текот на денот не е добра за срцето, го зголемува крвниот притисок, како и ризикот од холестерол и дијабетис.


Најслатко ви е да отспиете после пладне, бидејќи сте станале рано или не сте се наспале претходата вечер, но имајте на ум од сега дека со тоа му штетите на вашето срце. Попладневната дремка го оттргнува уморот, но не е добра за срцето и крвните садови, покажало истражувањето на кинескиот универзитет Huazhong, кое било спроведено на 27.000 луѓе постари од 45 години.

Спиењето повеќе од половина час после јадење, сериозно го зголемува ризикот од висок холестерол и дијабетис од тип 2. Стручњаците предупредуваат дека водечка улога има должината на спиење, па така оние кои спијат помалце од половина час немаат ризик од наведените болести.