Не е потребно да сте кулинарски гуру, за да може да правите чуда во кујната.
Понекогаш најубавите нешта се сосема лесни за имплементација. Овојпат ќе ви претставиме розички кои се елементарни за правење, а во исто време импресивни и вксуни.
За таа цел имате потреба од сосема тенко тесто, исечено јаболко како полумесечина, масти (стопен путер, масло, маслиново масло …) и шеќер во прав за попрскување.
Исечете го тестото на долги и широки ленти, намачкајте го врвот со мастите и подредете ги парчињата јаболка, како што е прикажано.
Преклопете го внимателно тестото така што ќе ги покриете јаболката наполовина. Не притискајте премногу со прстите. Потоа почнете да вртите внимателно, така што ќе ја формирате “чашката” на розата.
Најдобро наредете ги во форма за мафини. Можете и во послужавник, но важно е “розичките” да се печат и да не се залепат за тавата. Затоа ставете ги на хартија за печење или намачкајте со малку масти и одозгора посипете со брашно.
Печете на 150 степени во загреана рерна. Кога ќе ги извадите од рерната, посипете со шеќер во прав и оставете да се изладат.