По читањето на овој текст ќе престанете да седите на стол повеќе од 20 минути!



Сите знаеме дека седењето е штетно, особено кога го практикуваме често. Но, што навистина се случува со нашите тела, кога седиме со часови?


Пред сè, седнувањето може да предизвика зголемување на ризикот од срцеви заболувања. Мускулите согоруваат помалку масти и шеќер по долго седење, а масните киселини полесно можат да го затнат срцето. Долгото и често седење е поврзано со висок крвен притисок и зголемено ниво на холестерол, како и голем број на срцеви заболувања.

Седењето може да се одрази лошо и на панкреасот. Овој орган произведува инсулин, хормон кој ја носи гликозата до клетките за енергија. Но, клетките во “мрзливите” мускули не одговараат веднаш на инсулинот, па така панкреасот произведува повеќе од потребното, кое може да доведе до дијабетес и други болести. Студиите покажуваат дека луѓето кои седат повеќе имаат поголем ризик за заболување од рак на дебелото црево и на дојката. Од друга страна, редовното движење создава производство на природни антиоксиданси кои ги убиваат клетките кои се потенцијални производители на рак.


Кога стоите, се движите или стоите исправено, стомачните мускули се држат исправено. Но, кога ќе седнете на столот во искривена положба, тие не се користат.