ПИН – музичка конференција со 55 концерти и над 400 учесници од цела Европа во Скопје!

На 27 ноември, во четврток почнува новото издание на ПИН – меѓународната музичка конференција и концертен саем што ќе се одржува три дена, до сабота 29 ноември во скопскиот Младинскиот Културен Центар. Станува збор за единствениот ваков настан во Македонија, воедно прв и најголем на Балканот, а кој во Скопје ги собира музичките професионалци од целиот свет, претставувајќи ја пред македонската публика музичката авангарда и новата сцена од цела Европа.

Со слободен влез за сите посетители, на ПИН 2025 ќе се одржат концерти на вкупно 55 музички артисти кои ќе настапат на 6 сцени во МКЦ, како и конференциска програма со над 30 панел-дискуии, презентации, предавања и работилници со повеќе од 400 учесници, музички професионалци, уметници, претставници на фестивали, клубови, медиуми, културни институции, кои пристигнуваат од над 30 земји ширум светот.

Оваа година на ПИН, фокус-земја е Франција, која ќе биде застапена со 9 француски артисти, како и 20 француски делегати.

Тридневната бесплатна програма со концерти, панел-дискусии и работилници, вклучува и исклучително важни теми од јавен интерес: Скопје – Европски град на културата?, Безбедност на настани, Ментално здравје во музичката и креативната индустрија, Дијаспора/извоз на култура, Направи Сам турнеи, Независни фестивалски модели, Еколошки стандарди и многу повеќе теми во програмските активности на ПИН објавени со сите детали на официјалната веб-страница.

 

Панелот насловен „From Bid Book to Real Life”, посветен на Скопје 2028, анализира: Ќе ја претвори ли Скопје титулата „Европски град на културата” во трајни резултати, ќе поставиме ли јасни и транспарентни извршни субјекти, стандарди и календар на активности? Во оваа дикусија гостите се од Нови Сад, Веспрем (алумни градови) и Никшиќ 2030 (идна престолнина).

Тешка, но неопходна дискусија опфаќа панелот кој се наметна по трагедијата во Кочани со сведоштва и експерти: што се случи во Македонија, што научи Романија (Colectiv) 10 години подоцна, и кои се минималните стандарди за клубови и фестивали за безбедно функционирање. На овој панел пристигнува еден од најголемите професионалци за безбедност на настани во Ирска, директор на најголемата компанија за обезбедување, како и гости од Романија, Франција, Грција и Турција.

Работилницата „Get in the van” ќе покаже што сѐ опфаќа една турнеја; како независните музичари да преживеат без државни пари, што се и како се корисни: crowdfunding, member clubs, bar splits, микро-партнерства?

ПИН го разгледува и односот фестивали наспроти соло концерти — кои се новите трендови? Ќе се зборува и за односот Исток/Запад: Кој ги поставува европските „стандард(и)” за култура; дали Истокот е рамноправен во финансирање, видливост и иновации.

Во склоп на работилниците на ПИН, публиката ќе има прилика да учествува и на:

Listening Session – ја преслушуваме музиката на финалистите на нашиот Лузер Фест за професионален фидбек од експерти + награди (351 Studio lyric videos).
Sync Workshop – практичен вовед во музика за филм/ТВ/адвертајзинг/гејминг со меѓународни гости.
Професионални средби: брзи состаноци (matchmaking), презентации на фестивали и агенции.
Организацискиот тим за овој настан вели: „ПИН е место каде конкретни процеси и стандарди можат да се донесат и применат, дома и во собрание – од безбедност и инклузија, до стандарди и стратегија за извоз на културата. И оваа година ПИН ни носи многу музика и знаење.” ПИН музичката конференција е во организација на „Пасворд Продакшн” и се реализира како дел од дополнителната програма на фестивалот „Таксират”.

Целосниот распоред на музичката програма, како и на дневната конференциска програма на ПИН се објавени на pinconference.mk , како и на официјалната апликација која е достапна на: https://tmsqr.link/pin-music .

Giving is the new black: dm ја спроведува иницијативата Giving Friday – 5% од прометот на 28 ноември ќе биде дониран во хуманитарната организација „Св. Спас “

На денот кога секаде низ светот се одбележува Black Friday, најголемиот дрогериски ланец во Европа dm drogerie markt одлучи и оваа година да ја спроведе иницијативата Giving Friday и да донира 5% од вкупниот дневен промет остварен во сите дрогерии на тој ден во добротворни цели. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку  хуманитарната организација „Св. Спас“.

dm drogerie markt ги охрабрува купувачите да се подготват за незаборавна шопинг акција и на 28 ноември да придонесат кон хуманитарната активност организирана од компанијата.

Како општествено-одговорна компанија која е свесна за предизвиците на општеството во кое постои, dm drogerie markt традиционално ја спроведува оваа добротворна иницијатива под слоганот „Giving is the new black“. Активноста Giving Friday започна во 2019 година со донацијата за Клиничкиот Центар во Штип, а низ годините се претвори во една вистински хумана практика која помага да се соберат средства за егзистенција и основни прехранбени производи за граѓаните на кои им се навистина потребни.

Од компанијата велат дека иницијативата  Giving Friday е само уште еден начин на кој ги потсетуваат  нивните купувачи, но и сите членови на заедницата, дека dm е тука за нив., а воедно и се надеваат дека иницијативата ќе допре што поголем број граѓани кои ќе jа осознаат убавината на дарувањето.

Black Friday се одбележува во последниот петок од месецот, 28 ноември, и го означува почетокот на предновогодишната шопинг сезона. А dm drogerie markt сака токму овој ден да го направи асоцијација на солидарноста и на поддршката. Затоа наместо симболични попусти, компанијата седма година по ред  година организира реална и конкретна активност со една цел – да ја подигне свеста за луѓето од социјално загрозените категории и да ги поддржи преку донација.

Кој е твојот судбоносен број според месецот кога си родена

Сајтот Astrology-numerology.com нуди да ѕирнете зад симболиката на едни специјални броеви – броеви кои судбината ги определила на тебе во однос на месецот во кој си родена.

Проверете каква е вашата судбина за вашиот месец на раѓање и откриете нешто ново за себе, нешто што сигурно не го знаете.

Јануари: бројот на вашата судбина е 111; вие сте жена која секогаш се стреми да биде прва што ќе биде број 1; родена во првиот месец од годината, имате силни лидерски квалитети; користете ги мудро, не наметнувајте волја, туку само искуство и вештини.

Продолжува на следната страна

Пет вистини за бракот за кој никој нема да те предупреди

Сексот бара работа

Или поточно, напорите да се зачува страста, бидејќи со текот на времето станува предвидлива и планирана, а со тоа и помалку романтична. Затоа, паровите треба да се стремат да ги одржат своите интимни искуства интересни, како и да се грижат за здравствени проблеми што можат да влијаат на сексуалниот живот. Терапевтот од Флорида, Ерин Париси, ве советува отворено да комуницирате со вашиот партнер и да се грижите за вашиот сексуален живот со оглед на вашето и неговото здравје.
Текстот продолжува на следната страна

За сите кои имаат брат во животот – тој е најважниот маж во животот на една сестра

Ако немате брат или сестра, навистина многу сте пропуштиле во животот.

Братот е некој кој те засмејува повеќе од кој било друг. Со него постојано се тепаш затоа што направил нешто што не смеел или земал нешто твое. Но, се тоа има рок на траење.

Кога ќе порасне и повеќе нема да можеш да излезеш со него на крај, тогаш почнува зрелиот однос.

Нема повеќе конкуренција кај родителите, тој е омиленото момче, ти си омиленото девојче и сите се задоволни.

Братот е најдобриот пријател на сестрата и обратно. Од нив можете да научите многу за спротивниот пол, а тоа може да биде многу корисно.

Нема да морате да се грижите дека ќе ви земат нешто од гардероберот или парфемот. Напротив, братот ќе се гордее со својата сестра.

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */