Овој сајт препознава колку години имате!



Никогаш не е добра идеја да се обидувате да познаете колку години има некој човек.


Ако кажете помалку отколку што има навистина, тој или таа сигурно ќе си помисли дека сакате да бидете само учтиви, а ако се над, тогаш големи се шансите да ви се налутат.

За среќа, има сајт кој ќе ви даде своето искрено (алгоритамски) и точно мислење. Се што треба да направите е да ја посетите страницата How-Old.net, да поставите слика на себе или на личноста чии години ве интересираат и ќе добиете одговор.