Неколку совети за разделба без стрес



Разделбата со љубениот е нешто тешко – нема сомневање во тоа. Но, постојат начини да прекинеме врска, кои се поелегантни од вообичаените.


Последното што го сакаме, кога се случува една разделба, е да се одолговлекува ситуацијата или да ја правиме потешка отколку што треба да биде.

За да ја планираме разделбата со најмалку можни грижи и стрес, еве неколку совети кои ќе ни помогнат да ги завршиме работите на најдобар можен начин.


Да бидеме јасни, кога објаснуваме како се чувствуваме

Дури и да сакаме да завршиме со разделбата што е можно побрзо, важно е да им објасниме како точно се чувствуваме и зошто сакаме да ја прекинеме врската. Без разлика што ќе кажеме на партнерот – ако не ја очекувал разделбата, ќе биде вознемирувачка, па затоа е добро да му помогнеме да разбере зошто го напуштаме. Целта е да ја избегнеме ситуацијата во која го напуштаме со полна глава прашања без одговори.


Да избегнуваме да му даваме лажни надежи

Тешко е да сме целосно искрени за време на една разделба, особено кога човекот со кого се разделуваме, не гледа со тажни очи. Кога ќе погледнеме во овие очи како на мало кученце, може да имаме вина за тоа што му кршиме срцето. Затоа се препорачува двајцата партнери во текот на врската да бидат искрени.

Да не си ја префрламе вината

Ако се разделуваме со некого и ако врската била напната во последниве недели или месеци пред разделбата, веројатно во моментот на разговор ќе има одредено непријателство и од двете страни. Независно од преостанатиот гнев поради однесувањето на партнерот, не ја префрлајте вината. Разделбата е доволно фрустрирачки период, за да почнуваме дополнителни расправии, кога конечно сме собрале храброст да ставиме крај.

Да си дадеме простор

Можна е и пријателската разделба без многу стрес. Ретко се случува, но можна е. Ако сме едни од среќните, кои завршуваат на овој начин, можеби ќе сакаме да останеме пријатели. Еден од двајцата сеуште може да имаат чувства кон другиот, за кој вториот не претпоставува, а обидите за пријателство веднаш по разделбата можат да доведат до испраќање на измешани сигнали.