Најубавата жена во светот без пластични операции



Софија Лорен е една од најпознатите италијански глумици. Родена е на 20 септември 1934 во Рим. Нејзиниот татко бил инженер а нејзината мајка учителка по пијано. Израсната е во сиромашни услови во градот Поцуоли близу до Неапол додека траела Втората Светска војна. Софија веќе на 15 години заминала во Рим да бара филмска улога, а со платата како модел за илустрирање романтични приказни ја издржувала нејзината фамилија.


Во 2006 година Софија Лорен беше прогласена за најубава жена на светот без пластични операции. Тогаш таа имаше 71 година, а една година подоцна се снимаше гола за календарот на ” Пирели “. Сега легендарната италијанска актерка има 79 години и изгледа барем со 20 години помлада. Таа тврди дека никогаш не применувала услугите на пластичната хирургија.

” Пластичната хирургија ги прави сите луѓе да изгледаат исти “, сподели во интервју убавицата. Софија се појави во целиот свој сјај во Неапол, Италија на претставувањето на новата лента ” Human Voice “, во режија на нејзиниот син Едоардо Понте.


Таа е жив доказ дека убавината нема возраст. Софија живее на здрав начин на живот и тврди дека простите нешта се од најголемо значење за здравјето и убавината на една жена. Минерална вода со парче лимон, овошје, зеленчук и мирен сон се меѓу работите кои ја прават среќна и убава.

Кога во 1962 освоила Оскар за италијанската воена драма Чочара, станала прва глумица во историјата која го добила Оскарот за Грофицата од Хонг Конг надвор од англиското говорно подрачје. Во 1967 година глумела во последниот филм кој го режирал Чарли Чаплин.


Во 1982 година одлежала 18 дена во затворот во Италија заради неплатени даноци. Списанието Емпајер во 1995 година ја нарекол најпривлечна ѕвезда во филмската историја.

Освен Оскар, освоила и 5 златни глобуси, четири пати за најпопуларна женска ѕвезда, а еднаш за животно дело во областа на филмот.