Матурантка облекла прекрасен фустан, но ако малку подобро погледнете ќе го видите ова (видео)



Пред две години, Киле Брокбанк била дома. Тинејџерката не ни насетувала дека во куќата тече плин и запалила свеќа. Во експлозијата се задобила со тешки изгореници и едвај преживеала, пишува makedonijadenes.com.mk.


На повеќе од 45 отсто од нејзиното тело имало изгореници. Дури 38 дена поминала во болница кад лекарите направиле неколку хируршки зафати. Но, на рацете, нозете и грбот останале лузни.

Иако на почеток било тешко, Кил решила дека нема да се крие затоа што нејзините лузни се одраз на храброст, сила, преживување и убавина.


Кога Киле за матурската вечер облекла фустан без ракави предизвикала воодушевување кај членовите на семејството, но и кај своите колеги. Знаејќи што се поминала, ќе разбереа доколку не се појавеше на тој важен настан, но таа пристигнал со високо крената глава. Дури била прогласена и за кралица на матурската вечер.

-Мислев дека никогаш повеќе нема да облечам фустан и дека ќе ми биде непријатно во сопственото тело, но се чувствувам добро во својата кожа“, кажала Киле.


Нејзиното момче и партнер на матурската вечер, Дилан, ги поминувал со неа и тешките моменти. Со гордост се појавил со неа на матурската забава.

-Таа дефинитивно е најубавата девојка тука. Та е една од најубавите девојки кои некогаш сум ги видел“, кажал Дилан.