Ова не ѝ е прв пат на контроверзната Лејди Гага да се соблече. Впрочем, многу пати сме ја виделе минимално покриена во нејзините невообичаени комбинации на облека. Но, овој пат таа позираше сосем гола за новиот број на „Vanity Fair“!
Лејди Гага се соблече гола за да позира пред објективот на фотографката Ани Лебовиц. Во интервјуто дадено за Vanity Fair, изјавила дека едноставно нема среќа со мажите. Имало и такви, што ѝ понудиле брак, но таа ги одбила. „Ќе умреш сама во голема куќа со куп пари и твоите албуми“ – ѝ рекол дечко кој добил „корпа“ од Гага на понудата за брак (пазете, брак! 🙂 )
Таа возвратила дека не ѝ е до прстен, дека тоа можела и самата да го купи и да си го стави на прстот.