Колумна: Стави си превез на очите и молчи, не зборувај 



Инспирирано и посветено на хејтерските застрашувачки умови кои глобално ја населија оваа планета , станува збор за натприродно човечко суштество, кое не го создал ни Бог, ами се создале самите себе си , и мисленици кои мислат дека ќе владеат со светот ширејќи ,,миризба ,, на зборови кои ни го загадуваат секојдневно воздухот кој треба да го дишеме(ние клаустрофобичните знаеме ) , и  поради загрижувачката состојба , се создале оние Озонски дупки кој полека но сигурно го уништуваат не само оној кој загадува , ами и оној кој го фрла ‘’ ѓубрето’’ каде што му е местото , во контињерот. Го затвора со капакот се со цел да не шири миризба.
Ќе започнам од проектот ,, Раѓајте трето дете ,, во најново и четврто , а до петто се надевам дека нема да има награда ,, Посета на месечината  и пат околу светот ,, за оние фантазерите кои се надеваат дека нешто ќе бидне да ја почнат работата уште сега.


Но, клаустрофобијата како најчест проблем во ова општество , особено во една малечка дупка како оваа нашата македонската , од која секој сака да излезе, не е сама по себе така лошо настроена, ами од нас.  Немајќи друга работа овие од ,, долу,, му се пулат на овие што пробуваат да ,,излезат ,, практикувајќи ги речениците ,, Будала ,, , ,,Слеп ,, ,, Изрод ,, и ….тииит. Именки во женски род кој на сите нас добро ни се познати (чуени ) и запамтени (повеќе и од доволно употребувани) Но добро е , битно воздухот да се загадува . И Бог се чудеше на ова , и си рече , им дарив почва , им дадов живот , им дадов слобода им дадов храна , што им недостига на овие суштества , ненаситни , желни секогаш по омраза , желни за власт , за војни , за крвна победа.

Одземи ни ги устите велам , се загадивме! Стави ни превез на очите ,ништо да не гледаме , оти од завист ќе си пукниме . Ниту една војна не била лоша колку оваа, зошто велат.. Човек можиш да го повредиш со куршум , но не толку колку што можиш да го повредиш со зборовите , и со погледот.


Овде во оваа дупка ќе сретниш секаков вид на разни суштества од кои некои се луѓе. Ќе ја споменам Еци , Елена , Еленче , како и да е ( за мене фасцинантна) еден од најпосакуваните мои противници за дебати , ќе ја сместам во оние луѓе (кои убиваат со знаење и го употребуваат мозокот за разлика од останатите  ,, првата линија од борбен ред , гнилите , кои ја претставуваат зависта на оние кои владеат со говорот а не само со материјалот) но за да бидиш приметен и ти самиот мора да се согласиш да  бидиш гнила , особено ако си новороденче. Правото да избереш во која група на луѓе или друг вид на гнили суштества ќе спаѓаш , го избираш самиот.  Јас сепак ги избирам луѓето, зошто се ретки . Гнилите , гаабите се размножувале и ќе се размножуваат (биолошки докажано)  суштества кои го ,, јадат,, човекот дури и од кога ќе умре. За жал многу се. Затоа велам , стави ни превез на очите. И молчи не зборувај !

Ако оваа планета  ја вжешти ова земјена маса , е само затоа што ,, копаат предлабоко,, место да се искачуваат нагоре. Ве поздравувам! И се надевам дека мирно спиете.


Автор: Ивона Талевска – студент на Правен факултет и Технички факултет паралелни студии во Битола