Колку во себе носите негативна енергија и како да се ослободите од неа



Ако сте благодарни само кога ви се случува нешто, според ваша проценка, добро, негативни сте. Да се чувствува благодарност за што било, значи да се биде позитивен и сигурно значи покана за добра енергија.


Ако верувате дека ви се случуваат работи, сами за себе ја лепите етикетата на жртва. Поточно, за се лошо што ќе ви се случи, виновно ви е небото, животот, она нешто, а кога се во тек поволни околности и исходи, заслужни сте вие и вашата работа, трудот и залагањето. Зарем не е чудно што за едно ги обвинувате надворешните околности и другите луѓе, а за друго вие ги собирате сите медали? На секого не му е пријатно да слушне, но сами ги креирате сите ваши животни околности, и добрите и лошите.

Ако сте одговориле со ДА на кое било од понудените прашања, во себе имате нешто негативна енергија која има тенденција да се зголеми. Затоа, постојат начини на кои можете да се исчистите и добра вест е дека тоа секогаш е можно.


Прво што треба без резерва да го прифатите, за да се исчистите од негативната енергија е да сфатите дека „… кога мислите дека се што се случува е нечија туѓа вина, многу ќе страдате. Кога ќе сфатите дека сѐ излегува од вас, ќе ги запознаете радоста и мирот“. (Далај Лама).

Второ, мора да го промените ставот. Пробајте светот и настаните да ги гледате од точката – што се може да биде добро, наместо – што се лошо ќе се случи. За ваква промена треба време и посветеност, но за кусо време ќе добиете изненадувачки резултати. Кога ќе се фатите себеси дека зборувате или мислите негативно, за лоши исходи, свртете ја плочата!


Страни: 1 2 3