Кој хороскопски знак останува најдолго во љубовна врска?



Овенот брзо се заљубува, Близнаците се лојални, Лавовите се многу претпазливи при заљубувањето, Скорпијата е харизматична и склона кон изневерување, а пак Рибите се најверни.


ОВЕН Овните се заљубуваат мошне брзо, прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со истите тие одлуки и бегаат од нив. Паѓаат во период на проценување и се трудат да ја оживеат страста во врска, а во текот на тој период најчесто и одлучуваат како се чувствуваат и дали ќе се смират. Ако не успеат да ја оживеат страста, тогаш бараат нова љубов.

БИК Биковите се верни како кучињата. Кога еднаш ќе запознаат личност, се врзуваат и најчесто остануваат со неа до крајот на животот, односно додека функционира сексуалниот живот. Ако страста исчезне или ако едноставно нема интерес за секс, ќе побараат возбуда на друго место – најчесто позади грб. Неверството никогаш нема да го признаат, само во име на врската која трае засекогаш. Со други зборови, и ако се неверни, нема да ве остават.


БЛИЗНАЦИ Близнаците се верни и покрај сите клишеа и никогаш не ја напуштаат личноста, ама сакаат да ја тестираат и да видат колку љубомора може да предизвикаат. Всушност, тие дури и ќе ја мачат личноста со која се во врска флертувајќи со други луѓе. Само од таа причина често остануваат сами и оставени кога се во прашање луѓе кои што не можат да поднесат шетање со погледот или заведување. Близнаците ќе ги задржите доколку и вие нив ги направите љубоморни. Така врската ќе ви биде трајна.

РАК Овој знак најмногу сака да се предаде на една личност и да заврши со неа. Не сака фама, игри и проблеми кои носат било каков сомнеж или несигурност. Сепак, може да биде доста љубоморен, да бара повеќе внимание и нежност, а и да чувствува несигурност. Не треба да се грижите за тоа дали овој знак е верен – штом го венчате, Ракот е ваш засекогаш.


ЛАВ Лавовите се многу внимателни пред да се заљубат. Можат да поминат и неколку недели пред нивната љубов да процвета затоа што овој знак преферира игри и заведувања. Кога ќе им се случи љубов, најчесто се многу страствени и предадени, ама само година до две. Луѓето родени во знакот на Лав имаат немирно срце кое ги прави моногамни и немаат долги врски.

ДЕВИЦА Овој тврдоглав знак сака кратко додворување со ретки секс случувања. Всушност, се работи за знак кој би се воздржал од секс пред брак. Најверојатно и после бракот ќе избегнува секс. Многу Девици се наоѓаат во брак во кој ретко се консумира секс и во кој со години ќе молчат пред неверството на партерот. Сè додека имаат материјално добро и сигурност, како и углед во друштвениот живот, врската на Девицата ќе трае.

ВАГА Вагите се многу верни. Најчесто имаат долги врски бидејќи во врската пред сè, се пријатели. Сепак, лесно се заљубуваат и одљубуваат, а несигурноста и неверството може да ја уништи нивната врска. Врската со Вага ќе трае сè додека ја држите заинтересирана во кревет и додека имате желба да ѝ посветите внимание.

СКОРПИЈА Луѓето родени во знакот на Скорпија се меѓу најверните знаци во зодијакот. Тие се едни од најпривлечните и најхаризматичните, па нивниот партнер мора да се бори со секаква конкуренција. Ова резултира со голема несигурност поради што врската после една година се распаѓа. Исто така, не се замерувајте со овој знак, без пардон ќе ве забоде во грб кога најмалку очекувате.

СТРЕЛЕЦ Неодлучен знак кој има проблем со предаденоста на една личност. Кога е долго на едно место или во една врска, станува немирен. Ако сакате врската со Стрелецот да трае со години, морате да му дадете доволно слобода. А, понекогаш ќе мора да поминете и преку неверство.

ЈАРЕЦ Јарецот е доста традиционален знак кој очекува традиционална венчавка придружена со долготрајна фаза на додворување и не многу секс пред брак. Овој знак очекува потполна верност и кога тоа ќе го постигне, останува со партнерот долго време. Сексот и децата претставуваат начин на кој ќе го задржите Јарецот. Неверството за Јарецот значи крај на врската.

ВОДОЛИЈА Немирен знак на кој му е проблем да остане со некого во врска подолго од два дена. Со разновидност сакаат да го зачинат својот живот, но не се премногу сексуално активни. Може да се случи една личност максимално да ги фасцинира и импресионира со својот свет, а потоа одеднаш да изгубат интерес. Најдобра опција за да поминете подолго време со Водолија е да ја стимулирате нејзината интелектуална страна, така што никогаш нема да ѝ биде здодевно. Би било препорачливо да сакате патувања.

РИБИ Рибите се еден од најверните и најпредадените знакови од зодијакот. Тие сакаат врски кои што ќе траат цел живот. Иако се работи за многу морални знакови, неверсвото не им е непознато, ама тоа никогаш нема да го признаат пред партнерот. Рибите се тие кои се венчаваат со средношколската љубов и остануваат со неа до крајот на животот.