Кога македонките најмногу се разведуваат



Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2014 година, во споредба со претходната година, е намален за 1.2% и изнесува 13 813 склучени бракови.


Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 13.2%, а најмалку во март, 5.8%.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.7% за жените и 90.6% за мажите.


Во втор брак, со учество од 8.7% и трет брак, со учество 0.7% во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 26.0 години за невестата и 28.8 години за младоженецот. Бројот на разводи во 2014 година бележи зголемување од 8.1% во споредба со 2013 година и изнесува 2 210 разведени бракови.


Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август, 3.0% , а најмногу во декември, 11.2%.

Според возраста на сопругата, најголем број на разводи се случиле во старосната група од 30 до 34 години, a за сопругот во старосната група од 35 до 39 години.