Клучот за долгиот брак е среќната жена



Американските научници открија дека во семејниот живот колку среќна е жената, толку задоволен е мажот, соопштуваат од “Дејли експрес”.


„Мислам дека сè се сведува на тоа дека кога жената е задоволна од бракот, таа прави многу повеќе работи за својот сопруг, а тоа се одразува позитивно врз неговиот живот – рече д-р Дебра Кар од универзитетот” Ратгерс”.

– Мажите често молчат и дури да се несреќни во бракот, жените и можат да не го разберат.”


Истражувањето се разликува од претходните теми, бидејќи се опфатени чувствата и на мажите и на жените, за да стане јасно како тие влијаат врз среќата на другиот.

„И за двајцата сопружници најуспешниот брак обезбедува поголемо чувство на среќа и задоволство од животот” – рече д-р Кар.
Американските научници открија исто така дека жените се вознемируваат од болестите на мажите, но не и обратно.


Причината е дека жените се грижат за сопрузите додека ако сопругата се разболи, таа се потпира главно на нејзината ќерка.
Заклучоците од истражувањето се важни, бидејќи квалитетот на бракот се одразува врз здравствената состојба и среќата на постарите луѓе.