Нека започне возбудата: секси играчки кои веќе ги имате дома



Ако барате дополнително возбудување во сексот, а срам ви е да посетите некој секси шоп, пронајдете неколку секси играчки и во својот дом.


Возбудливиот секс може веднаш да започне!

  • Главата на тушот


Ќе ја пронајдете во вашата бања, но треба да научите да ја користите правилно.

Брзината на проток на водата и температурата обезбедуваат различни степени на стимулација. Може да се туширате заедно со партнерот и со ова практично помагало да ги масирате градите и гениталиите.


  • Марами и вратоврски

Сексуалниот живот ќе го зачините ако со марама ги врзете очите на својот партнер. Со ова сите негови сетила ќе станат уште почувствителни на секој стимуланс. Бидете креативни и употребете ги и на разни други начини.

  • Мобилен телефон

Освен за повици и пораки искористете го мобилниот и како вибратор. Наместете го на вибрации или користете ги апликациите како My Vibe или My Pleasure кои обезбедуваат широк распон на вибрации, од кратки до брзи и од долги до спори.

  • Перничиња на загревање

Освен што ја намалуваат болката во мускулите, овие перничиња, кога ќе се постават на идеална температура, ја поттикнуваат циркулацијата на крвта во делот каде се поставени. Користете ги на долниот дел од грбот и задникот.

  • Стерео звучник

Голем потенцијал да ги стимулира препоните и клиторисот има стерео звучникот. Овој пулсурачки уред исто како машината за перење возбудува 15 илјади нерви на интимното подрачје кај жената.

  • Огледала

Огледалата може да ве стимулираат и визуелно и ментално. Еден од начините е партнерот да седне на стол пред огледалото, а вие врз него. Огледалото ќе ви ги открие изразите на лицето додека уживате во сексот.