Ќе заврне ли конечно снег? Еве што да очекуваме од времето во Македонија



Последните неколку денови сме сведоци на бомбастични најави околу тоа дека пониските места од Македонија и Скопје ќе го добијат првиот снег за оваа сезона. Нема врска!


Во текот на претстојната ноќ како и утре (среда) особено во претпладневните часови територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран од северозапад.

Поради тоа на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои во западните и во северозападните предели ќе бидат поинтензивни и локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.


За време на овој влажен бран снег ќе добијат само високите планински врвови во Македонија, значи само оние кои се повисоки од 2000 метри.

Потоа во следните денови ќе имаме доста променлива временска состојба, во четвртк ќе имаме претежно суво време иако на некои места е можно сосема слабо да заврне дожд.


Нови повремни врнежи од дожд кои ќе бидат од локален карактер ќе има во петок и во сабота. Услови за слаби локални врнежи ќе има и во недела а на почетокот од наредната недела ќе имаме релативно стабилно и суво време.

Според моменталните анализи нови врнежи од дожд ќе има ноќта среда кон четврток.

Што се однесува до температурите тие во следните денови ќе бидат во пораст, особено високи температури ќе имаме од недела кога истите ќе се движат во интервал од 18 до 25 степени.

ИНФОРМАЦИЈА: Температурите кои се очекуваат во следниот период ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината што значи за снег во градовите низ Македонија ќе треба да причекаме.

Аномалијата на температурите која се очекува на температурите која се очекува во следниот период можете да ја погледнете на следната карта

Добро се гледа дека температурит ево следниот период ќе бидат дури и за 10тина степени повисоки од просечните за овој дел од годината.

Според подолгорочните прогнози кои ги користиме како резерва и ориентација и кои што не се баш прецизни продор на студен воздух од северен очекуваме на самиот крај од овој месец но дали ова ќе се случи и што точно ќе донесе ќе видиме понатаму во понатамошното анализирање на времето.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ, meteomax.mk!