Какво време не очекува денес и за време на викендот



Денешново утро, како што и беше најавено, е облачно Нема да има промени претпладне, додека од доцна попладне се очекува постепено разведрување.

Повремено ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, велат од метеопро.мк.


Во текот на денот температурата ќе има максимални вредности од 4°С до 6°С, односно околу 8°С во гевгелискиот регион. На повисоките места до 3°С.

Во сабота се очекува претежно ведро време. Минимални услови за формирање на слаба магла по котлините ќе има наутро.


Температурата ќе биде во пораст и ќе има вредности од 8°С до 10°С, а ана југоисток до 13°С.
Слично време како, во сабота, се очекува и во недела. Температутрата во однос на сабота ќе биде повисока за околу 2°С.