
Денес (25.03.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со долги сончеви периоди со услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места.
Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи од 5 до 12 степени.
За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места се очекуваат утрински температури под 0 степени.