Како да влезете под кожата на еден маж



Довербата е една од најсекси квалитетите кои може да ги поседува една жена. Нема ништо повозбудливо за луѓето кои не знаат што сакаат. Уште повеќе пак во луѓето кои денес сакаат едно, а утре друго. Секогаш треба да сте свесни за себе и желбите.


„Јас не сум таква.” Се разбира дека не сте таква. Не се држете како дворска дама, која штотуку доаѓа од Бакингемската палата. Да не се лажеме, јасно е дека некогаш сте правеле глупости и сте правеле дела, за кои ви е срам да кажете, а можеби дури и да си спомните.

Мојот омилен Фејсбук статус: “Не ме бараш – не ти е гајле.” Драги дами, за стоти, илјадити, милионити пат, тоа е двонасочна улица. Не е адекватно да чекате само вас да ви бараат. Земете ги работите во свои раце. Ниту е срамно, ниту некој ќе ве нарече вештерка и ќе ве изгори на клада. Не си демонстрирајте интерес со молчење. И не заборавајте дека сигналите кои според вас се очигледна демонстрација на симпатија за мажите обично се речиси невидливи. Мажите се разбираат од збор, не од навестување.


Нема ништо срамно и во тоа да поканите вие на состанок. Само што поканата не треба да звучи како „Немам апсолутно ништо друго за правење и затоа се обраќам кај тебе како крајна опција”. Ако сакате да се видите со лицето – само поканете го.

Не плашете се да поставувате прашања поврзани со вас двајцата. Погледнете го право во очите и прашајте го: „Што сакаш од мене?” Ако добиете незадоволителен или неисцрпен одговор, инстантно продолжете го нападот, така што ќе го наречете кукавица што не сака да си признае. Може да ви се чини премногу агресивно, но на нас тоа ни се допаѓа. Срамежливите жени не се секси.


Ако ви се допаѓа, може само да му го кажете. „Знаеш, ми се допаѓаш” Храбрите жени се ужасно секси.

Чувството за хумор е доста пријатен квалитет што малку жени го поседуваат. Тоа не значи дека вие треба да се насмевнете, но убаво е да можете квалитетно да се потсмевате.

Не треба да има теми за кои не се чувствувате удобно кога зборувате. Особено за секс. Знам дека веројатно мислите дека физичките податоци и самото присуство, обично се повеќе од доволна причина за железна возбуда, но не е баш така. Не знам дали љубовта на мажот минува низ стомакот, но ерекцијата сигурно поминува низ мозокот.

Ако тој заслужува, испрати му предизвикувачка фотографија без да ви ја побарал. Токму така. Уште една фрлена бомба. Испраќањето на голи слики е женската опција за поклон на букет со цвеќиња. А може и само едно цвеќенце, гестот е важен.