Никогаш не ме сакале прави машки. Па не ни знам што значи право.Затоа што премногу пати сум искусила погрешно.Не знам како сакаат правите мажи, знам како сакаат лажните.
На нив отровни зборови лесно им излагаат од нивната уста, заводливо се смешкаат, многу ветуваат, а многу малку исполнуваат.Тие погрешните,Никогаш не се правдаат, никогаш не се објаснуваат, за ништо не осеќаат вина. Имаат свој живот, обврски, работа. Погрешните брзо ти вртат грб, така лесно си одат, нивната љубов има рок на траење, а тој рок истекува во моментот кога ќе ја угасат цигарата, испијат својата пијачка.На крајот на денот не е важно поред кого лежат.Многу пати ме посакувале, но многу малку пати искрено ме сакале.Затоа не знам да си ги покажам чуствата, ги одбивам луѓето од себе.Затоа што моето “љубов” звучи не природно и извештачено.
Погрешните тоа добро го знаат. Тие немаат намера да поминат долг пат кој води до мене.Многу пати погрешни ме посакувалеТака што ме кривеле, осудувале, критикувале. Пробувале да ме манипулираат и омаловажуваат, додека ги менував својте камелеонски бои за да им удоволам на погрешните, за кои мислев дека се вистински, прави.Не, никогаш не ме сакале прави мажи.
И можеби денес не знам кој се прави мажи,Но иронично, знам кој се погрешни.Затоа што тие секогаш доаѓаат да ми кажат дека сумНи малку ни повеќе една погрешна.