Поетесата Маријана Митревска од Ресен самостојно ја издаде збирката поезија ,,Сите мои песни ” Во книгата како главна инспирација се јавува ликот на нејзиниот идол Тоше Проески , потоа како инспирација се јавуваат христијанството , природните убавини кои ги поседува нашата земја и живиот свет.Песните ги преведувала и ги испраќала како во нашата земја така и надвор од неа , започнувајќи од Европа а потоа и на сите континенти се здобива со над 50 награди за само шест месеци. Во прилог нејзината песна со наслов „Аурора“
АУРОРА
Како поларна светлина ми требаш
Како јужниот на северниот круг
Љубовта наша да се пресече во медитеранот
Со честички ситни силно наелектризирани
Како твоја божица аурора
Заглавена ѕвезда во небесната сфера
Не ми се допаѓа оваа атмосфера
Помрачено сонце од други планети
Немоќна од сончевиот ветер и друѓи комети
На едно магнетно поле што ме влечи
Светлината може да те спречи
Да ме повлечиш кон тебе
И танцот на честичките околу мене
Во ова небо сакам со тебе да лебдам
Да ги споиме небеските тела
Двете хемисфери
Да сјаеме таму трајно
Екплозија од метеорски дожд да се јави
Во струите што во нас се појавуваат
Небесно откритие
За љубовниот век на нашето битие