Има ли фекалии по четката за заби?



Истражувачи констатирале во кои случаи може да бидат откриени фекалии по четката за заби.


Научниците истражувале четки за заби за да се разбере какви видови бактерии се залепени за нив. Резултатите може да предизвикаат одвратност, соопшти француското списание Science et Avenir. Заклучоците на научниците дека оставените четки за заби во заеднички бањи се со големо количество фекални бактерии, доколку во истите простории има и тоалети.

Истражувањето е направено со примероци од четки за заби во различни општи бањи во зградата на универзитетот Куинипак во Конектикат, САД. Станува збор за санитарни јазли, користени во просек од 9-10 студенти. Било утврдено дека околу 60% од четките за заби се со импресивна сума фекални бактерии од типот Ешерихија коли.


Добиените резултати беа претставени во рамките на годишната конференција на Американското друштво за микробиологија.

Според научниците, решение на проблемот тешко може да биде најдено. Бактериите остануваат на четката за заби, без разлика дали се мие со ладна, топла вода или дури со антисептичка течност за плакнење на устата.


Употребата на заштитен капак за четката за заби не го спречува ширењето на бактериите, туку создава соодветна средина за нивниот развој меѓу влакненцата на четки, истакна уште Абер.

Резултатите од истражувањето се објавени во весникот Journal Of Dental Hygiene.